26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТајните од милијардните игри на централните банкари

Тајните од милијардните игри на централните банкари

ezb frank

Димензијата на печатење на пари во Европа е поголемa, отколку што се мислеше. Според информација на „Welt am Sonntag“, европските централни банки во последниве години откупуваат многу повеќе државни обврзници и други хартии од вредност, отколку што е јавно познато.

Бидејќи паралелно со официјалната монетарна политика на Европската централна банка (ЕЦБ), националните централни банки исто така во голем обем „испумпуваат“ пари во финансиските пазари. Нивните трансакции со хартии од вредност за своја сметка беа игнорирани во голема мера и од експертите по централните банки, а многу детали се чуваат постојано во тајност.

Во оваа недела Управниот одбор ќе донесе одлука за проширување на програмата за купување на обезбедени обврзници, која сега е со зафатнина од 1,14 илјади милијарди евра. Значи важно е прашањето, досега колку пари централните банки имаат испечатено. Правилата на националните централни банки од Еуросистемот овозможуваат значителна слобода за нивните договори.

Ова се однесува на итни заеми за проблематичните банки, кои повторно беа „јаболко“ на раздорот во последниве години, но исто така и за купување на хартии од вредност надвор од официјалните програми на ЕЦБ. Тоа беа вежби за време на финансиската криза и кризата со еврото, покажуваат пресметките на финансиерот од Берлин, Даниел Хофман врз основа на билансите на националните централни банки, со кои располага „Welt am Sonntag“.

Според нив националната достапност на хартии од вредност и итни заеми се зголеми меѓу почетокот на 2006-та година и крајот на 2012-та година од 214 милијарди евра до 724 милијарди евра. Во овој период националните централни банки на пазарите самите пласираа околу 500 милијарди евра, со што го надминуваат обемот на сите дотогаш издадени програми на ЕЦБ. До крајот на 2014-та година оваа сума падна сосема благо до 623 милијарди евра, затоа што банките во овој период имале потреба од помалку итни заеми.

Централните банкари на одделните земји сепак биле активни во различен степен. Додека на пример Бундесбанк не го зголеми значително своето портфолио на хартии од вредност, централните банки на Франција, Италија и други кризни земји биле многу вредни во набавките. Само Банката на Франција (Banque de France) го прошири своето портфолио од 2006-та година со околу 200 милијарди евра.

„Banca d’Italia“ во овој период издала дополнителни 60 милијарди евра на пазарите, во Ирска износот е повеќе од 50 милијарди евра. Управниот одбор на ЕЦБ би можел да престане со вето на овие самостојни трансакции, но очигледно не ја искористила оваа моќ низ сите овие години.

Во што точно се состојат трансакциите е строго чувана тајна. Додека итните заеми кон банките главната улога ја играат во земји, како Грција, тие би можеле да објаснат само еден мал дел од остриот пораст. Тоа значи дека централните банки купиле хартии од вредност во голем обем и платиле за нив со самостојно печатетни пари. На преден план се очекува да стојат државни обврзници. Така на пример во крајот на 2014-та година „Banca d’Italia“ на својата сметка држела јавни должнички хартии од вредност од 108 милијарди евра.

„Економистите гледаат критички на тајното печатење пари. Активностите на националните централни банки отвораат „многу досега необјаснети прашања, на кои е важно итно да се одговори“, вели Ханс-Вернер Зин, претседател на Институтот за економски истражувања „Ifo“.

Набавките на обврзници од ЕЦБ се спорни со години, смета Јерг Рохол, претседател на Берлинската Висока школа за економија „ESMT“. „Особено критички треба да гледаме, ако националните централни банки вршат слични активности зад затворени врати“. Една поголема транспарентност според него би била предуслов, народот да има доверба во централните банкари.

Клеменс Фуест, претседател на Центарот за европски економски истражувања (ZEW), не смета дека купувањето на обврзници од страна на националните централни банки е фундаментално осудување, но го критикуваше недостатокот на транспарентност. „Би било многу пожелно националните централни банки да објавуваат кај сите трансакции за какви обврзници станува збор“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП