17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвиокомпаниите заштедија милијарди од евтиното гориво, а патниците?

Авиокомпаниите заштедија милијарди од евтиното гориво, а патниците?

American-Plane-Shot-1-1024x680

Водечките американски авиокомпании забележаа рекордни профити, благодарение на пониските цени на горивата. Истото сепак не може да се каже и за патниците кои всушност не заштедија ништо, бидејќи билетите поевтинија минимално.

Четирите водечки американски авиокомпании заштедиле 11.1 милијарди долари од трошоците за гориво во првите девет месеци од 2015 година, покажаа нивните официјални извештаи.

Горивото претставува најголемиот трошок на авиокомпаниите, што значи дека пониските цени на горивото ги намалија нивните трошоци за 36 проценти, во споредба со истиот период минатата година.

Просечната цена на билетите за патниците кои летаат со American Airlines, United Airlines и Southwest Airlines, сепак се намалила за едвај 8.28 долари, или 4%, на 181.11 долари.

Delta Airlines не е вклучена, бидејќи не ги обезбедува потребните информации за пресметката на просечната цена на билетите.

Зошто? Цените на авионските билети остануваат високи, и покрај ниските цени на горивата, бидејќи побарувачката расте. Четирите авиокомпании кои сочинуваат голем дел од воздушниот транспорт во САД, исполниле околу 84 проценти од местата во нивните авиони во првите девет месеци од годината. Тоа е речиси како минатата година, иако авиокомпаниите го зголемија капацитетот за 3 проценти.

Според авионската индустрија, патниците исто така извлекуваат корист од пониските цени на авионското гориво, иако цените на билетите се намалиле сосема малку.  Авиокомпаниите купат нови авиони и производи и ги прошируваат услугите, вели Мелани Хинтин, портпарол на организацијата Airlines for America.

„Американските авиокомпании реинвестираат во просек 1,3 милијарди долари месечно во погодности за патниците“, додава таа, „нудејќи најразлични нешта, како wi-fi услуги и системи за забава за време на летовите како и купување поголеми и повеќе нови авиони“, сето тоа е погодност исклучиво за патниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП