6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБензинот најевтин во Македонија и БиХ, најскап во Грција

Бензинот најевтин во Македонија и БиХ, најскап во Грција

gorivo558

Најевтино гориво во регионот плаќаат Босанците и граѓаните во нашата земја, а најскапо Грците и Албанците, додека Србија е во „златна средина“, покажува најновиот табеларен преглед на цените на бензините и дизелот на Автомото сојузот на БиХ (BIHAMK).

Според табелата на компаративни цени на горивата во 33 европски земји, во БиХ еуросупер 95 се продава по цена од едно евро, додека литар еуродизел чини 98 центи, а за истото гориво во Грција треба да издвоите 1,66 евра, односно 1,25 евра.

Кај нас еден литар еуросупер 95 чини 1,01 евра, а литар еуросупер 98 чини 1,04 евра, додека за дизелот плаќаме 80 евроценти.

Во Србија горивото е поевтино отколку во Грција, Албанија, Хрватска, Романија и Словенија, како и повеќето европски земји, а поскапо е во однос на БиХ, Македонија, Црна Гора и Унгарија. Граѓаните на Србија за литар еуросупер 95 плаќаат 1,14 евра, за еуросупоер 98 1,18 евра, а за литар дизел 1,15 евра.

Во Хрватска за еден литар безоловен еуросупер 95 и 98 во моментов се издвојуваат 1,2 евра, односно 1,28 евра, а за литар еуродизел 1,12 евра, а слични се и цените во Албанија, каде бензинот 95 и еуродизелот чини чинат во просек 1,25, односно 1,24 евра.

Во Црна Гора тие три видови на горива можат да се купат за 1,08, 1,12 евра и 99 центи.

Во Европа најскапо гориво плаќа Велика Британија и Италија, во кои литар еуросупер 95 чини 1,54 евра, односно 1,55 евра, а еуросупер 98 дури 1,68 евра, односно 1,6 евра.

Најевтино гориво имаат граѓаните на Русија каде еден литар еуросупер 95 чини 54 центи, а литар еуродизел 51 цент.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП