17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Пораст на кредитирањето во приватниот сектор на еврозоната

ЕЦБ: Пораст на кредитирањето во приватниот сектор на еврозоната

ecb-ecb-ecb-ecb

Во приватниот сектор на еврозоната во месец октомври се одобрени повеќе кредити отколку во претходниот месец, покажаа податоците на Европската централна банка (ЕЦБ).

Во минатиот месец бројот на одобрени кредити пораснал за 1,0 проценти на годишно ниво во однос на растот на кредитирањето од 0,6 проценти во септември, изјави еден од портпаролите на ЕЦБ, пренесува агенцијата Франс прес.

Бројот на кредити одобрени за домаќинствата и компаниите во месец октомври пораснал за 0,8 проценти, што е забрзување во однос на растот на кредитирањето од 0,4 проценти во месец септември, од 0,7 проценти во август.

За ЕЦБ објавените податоци се клучни за економската состојба, бидејќи задолжувањето е главен извор на финансии за корпоративните инвестиции, кои за возврат би требало да го поттикнат сегашниот слаб раст на економијата.

Вкупните залихи на пари, познати како М3, исто така, пораснале во октомври за 5,3 проценти од септемврискиот раст од 4,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП