
Поради спроведувањето на акцијата „Ден на дрвото“ нема одложување на закажаните хируршки интервенции.


Поради спроведувањето на акцијата „Ден на дрвото“ нема одложување на закажаните хируршки интервенции.
На „Мој термин“, тој ден се закажани повеќе од 8.000 пациенти за преглед и повеќе од 500 операции, кои нема да бидат презакажани, туку ќе се одвиваат токму во среда, како и што е закажано.
В среда, сите јавни здравствени установи ќе работат редовно и ќе се реализираат закажаните прегледи и интервенции, информираат од Министерството за здравство.
Преостанатите служби во установите кои не се поврзани со закажани термини, ќе се приклучат на акцијата „Ден на дрвото“, и овој ден дополнително ќе го одработат, информираат од Министерството за здравство.