2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕгипет подготвен да ги замени турските стоки под ембарго во Русија

Египет подготвен да ги замени турските стоки под ембарго во Русија

Market vendor selling fruit in a bazaar, Aswan, Egypt.

Египетските власти побарале од руските да им го достават списокот со увозни стоки, кои се забранети или се ограничени за увоз во Русија од Турција (списокот не е јавно објавен), за да ги замени со египетски стоки, соопшти во неделата министерството за трговија на Египет.

Според соопштението на египетското министерство за трговија, прашањето на делумното покривање на турскиот извоз било разгледувано меѓу египетскиот министер за индустрија и трговија Тарек Кабил и неговиот руски колега Денис Мантуров, на средбата во Обединетите Арапски Емирати.

„Египет е заинтересиран да ги задоволи потребите на рускиот пазар на стоки, особено на оние кои доаѓаат од Турција, по одлуката на Русија да го ограничи турскиот увоз на рускиот пазар на овошје и зеленчук до 66 отсто, како и на пазарот на облека и кожа“, се наведува во соопштението на египетското министерство.

Министерот Кабил додал дека Египет има потенцијал за извоз на споменатите производи, како и на многу други.

„Во врска со тоа министерот му се обрати на рускиот колега со барање да се обезбеди листата на најважните увозни производи од Турција, со цел да се подготви посета на руските увозници на египетските компании“, се додава.

Според указот на рускиот претседател Владимир Путин, како реакција на турското уривање на рускиот борбен авион, покрај низата мерки како забрана за чартер летови меѓу двете земји, враќање на визниот режим и забрана за вработување на турски државјани во Русија, наложи забрани или ограничување на увозот на одредени видови турски стоки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП