19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМагла на патот Охрид-Кичево го отежнува сообраќајот

Магла на патот Охрид-Кичево го отежнува сообраќајот

magla889

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива без забрани и наместа по влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на патниот правец Охрид – Кичево видливост до 50 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП