18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција ќе ѝ помогне на ЕУ во справувањето со миграцијата во замена...

Турција ќе ѝ помогне на ЕУ во справувањето со миграцијата во замена за пари

turcija-eu

Турција ќе ѝ помогне на Европската унија во решавањето на мигрантската криза, која ги доведе во прашање патувањата внатре во Европската унија без пасоши, во замена за финансиски средства и заживување на преговорите за пристапување на Турција на ЕУ, се наведува во нацрт заклучоците од самитот ЕУ – Турција, во кои увид имала агенцијата Reuters.

„Двете страни, како што е договорено и со моменталното стапување на сила, ќе ја зајакната активната соработка во врска со имигрантите на коишто не им е нужна меѓународна заштита со спречувањето на патувањата во Турција и во ЕУ, со гарантирање на примената на одредбите од билатералната реадмисија и брзото враќање на мигрантите, на коишто не им е неопходна меѓународна заштита, во земјите на нивното потекло“, се наведува во споменатиот нацрт.

Турција во замена ќе добие 3 милијарди американски долари почетна помош за згрижување на бегалците на својата територија. Тој износ подоцна би можел да биде прилагоден во согласност со развојот на настаните, пренесува Reuters цитирајќи го текстот од нацрт заклучоците.

Покрај тоа, Европската унија ќе го отвори во декември следното поглавје во преговорите за пристапувањето на Турција во ЕУ, што инаку се одолговлекува од 2005 година, и ќе ги подготви натамошните поглавја за расправа во првите три месеца од следната година.

ЕУ, исто така, има намера да ги укине визите за Турците коишто патуваа во ЕУ во октомври 2016 година, под услов Анкара да ги исполни одредените услови наведени во договорените насоки, се вели уште во нацртот, кој може дополнително да биде променет по разговорите коишто започнуваат во 16 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП