16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоголемо учество на младите во општеството

Поголемо учество на младите во општеството

cbb

Здружението за развој на претприемништвото и туризмот – Концепт плус во Струга од 27- 29 ноември ја реализираше обуката за Младинско учество – застапување на младински прашања со учество млади од град Скопје. На обуката учествуваа претставници од Локалните младински совети од повеќе општини од град Скопје и активно учествуваа во градење на стратегија за зголемување на учеството на младите во општеството.

Основна цел на проект е да се промовира моделот на Совети на Млади и да се воведе пракса за нивно учество во процесите на донесување на одлуки. Преку стратешки процес на обуки и тренинзи ќе бидат зајакнати нивните капацитети за младинско учество и застапување и лобирање. Преку анализата на утврдените проблеми, искуствата на тимот од учество во активности и проекти поврзани со темата  се увиде дека единствениот приод кон решавање на проблемите е систематскиот приод, кога проблемите би се решавале со стратегии чие влијание би делувало кон решавање на сите проблеми. Преку активности кои се дизјанираа и кои се реализираа во проектот се промовира  зголемено учество на младите во креирањето на политиките поврзани со нив, како и учество во носењето на одлуки кои директно се одразуваат на нив. Проектот исто така предвиде и промоција на самите активности со кои би се зголемила видливоста и работата на Советот на млади што ќе придонесе да се зголеми бројот на млади во учеството на политиките, како и ќе се подобри транспарентноста во носењето на одлуките.

Пекевски Синиша – координатор на проект: ““Активностите кои ги спроведе Концепт плус во реализација на овој проект е да се промовира и да се поттикне поголемо учество на младите во општеството. Учесниците на оваа обука активно придонесоа и изработија план и активности со кои ќе се зголеми и подобри улогата на младите. „

caa

Проектот „Оспособување на младите да имаат активна улога во процесите на креирање политики и донесување одлуки„ е финансиски поддржан од град Скопје а го имплементира Здружението на граѓани КОНЦЕПТ Плус во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП