вторник, 27 септември 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАУспешно одржана Talk in Business конференцијата на тема – козметика

Успешно одржана Talk in Business конференцијата на тема – козметика

talk in bizz

На 27.11.2015 година, во организација на регионалниот трејд магазин InStore беше одржана втората интерактивна Talk IN Business конференција на тема „Козметика и средства за лична хигиена“.

Повеќе од 30 претставници од компаниите и од маркетите, кои се задолжени за категоријата „Козметика и средства за лична хигиена“, имаа можност да се дружат, да дискутираат и да споделуваат искуства за предизвиците и за развојот на секторот.

Истражувањата и анализите кои беа презентирани на конференцијата покажаа дека во Македонија се забележува минимален пораст во 2014 и 2015 година, ценовните трендови бележат пораст, а постои и доминација на сегментот. Интернационални брендови се се уште предводници на продажбата на козметичките производи и производите за лична хигиена.

Сликата пак за македонскиот потрошувач на козметички производи покажа дека станува збор пред се за жени, активни, модерни, свесни за својот изглед, ги следат трендовите и подготвени се да  експериментираат со нови производи. Македонските потрошувачи на козметичките производи се посветени на семејството и домот, социјално се активни, купуваат козметика за себе и за сите членови од семејството, уживаат во купувањето, сакаат наградни игри и се импулсивни купувачи.

Она што е од особено значење во планирањето на маркетинг и продажните активности на козметичките брендови секако се и податоците кои укажуваат на тоа дека 89% од македонските потрошувачи гледаат ТВ секој ден, 35% купуваат списанија, 79% користат интернет, 74% користат социјални мрежи, најмногу Facebook, а 54% секојдневно користат социјални мрежи на мобилен интернет.

На втората интерактивна Talk IN Business конференција се дискутираше уште и за каналите на продажба и познавање на потрошувачот, спецификите во позиционирањето на категоријата и соработка маркети-дистрибутери како и за рефлексиите на светските трендови во Македонија.

Интерактивните Talk IN Business конференции се одржуваат еднаш месечно и на секоја средба се обработува одредена категорија производи од FMCG-секторот, а циклусот од 10 конференции продолжува во јануари 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП