4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПатиштата проодни, врнежи од слаб снег на Стража, Маврово и Шапка

Патиштата проодни, врнежи од слаб снег на Стража, Маврово и Шапка

снег-во-Скопје-48

Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива по влажни коловози, на повисоките места во западниот дел од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, Стража и Маврово, соопшти во сабота изутрина АМСМ.

Намалена видливост поради магла има на патниот правец Тетово – Попова Шапка со видливост од 10 до 20 метри.

На патниот правец А3, делница Кочани – брана Калиманци, има зачестена појава на одрони на три места и сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10 – 50 метри. Се работи на отстранување на големите одрони и нормализирање на сообраќајот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга,Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти Ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП