21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА19 земји од ЕУ повикаа за подобрување на конкурентноста

19 земји од ЕУ повикаа за подобрување на конкурентноста

eu zemji 333

Велика Британија и уште 18 земји членки на Европската унија (ЕУ), повикуваат блокот да ја намали бирократијата и да се подобри конкурентноста, области во кои Велика Британија инсистира на реформи во преговорите за членство, коментира „Bloomberg“.

Во писмо до заменик-претседателот на Европската комисија Франс Тимерманс, потпишан од министрите од Австрија до Малта, британскиот министер за финансии Џорџ Озборн и министерот за трговија Саџид Џавид инсистираат Европската комисија да ги прифати јасните цели за намалување на регулаторниот товар за бизнисите.

„Нашиот систем за регулација треба да одговара на 21-ви век. Тоа значи подобри и поедноставни прописи. Непотребната тежина во законодавството на ЕУ треба да биде отстранета“, коментираат тие, според делови од писмото, објавено на веб-страницата на британската влада.

Премиерот Дејвид Камерон ја идентификува конкурентноста како една од четирите области во кои Велика Британија сака промена. Барањата беа вклучени во писмото до претседателот на Европскиот совет во почетокот на ноември, изложувајќи ги плановите за повторни преговори на членството на Велика Британија во ЕУ. Камерон вети дека ќе ја стави иднината на Велика Британија на референдум до крајот на 2017-та година.

Иако во писмото се фали работата на Тимерманс, во него се додава дека ЕУ „треба да користи инерција кон промена во регулаторната култура и да гарантира дека напредокот нема да се врати назад“.

Освен од Обединетото Кралство писмото е потпишано од Австрија, Бугарија, Чешка, Хрватска, Кипар, Данска, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Малта, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска. Тоа ќе биде дискутирано на Советот за конкурентност во понеделникот во Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП