18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави економскиот раст на Британија

Забави економскиот раст на Британија

velika-britanija-britanija

Економскиот раст на Британија забави во третиот квартал на 0,5 проценти од 0,7 проценти во претходниот квартал, што е во согласност со очекувањата на аналитичарите, покажаа официјалните податоци од Лондон.

Економскиот раст најмногу бил закочен од слабата надворешна трговија, но и од забавувањето на глобалната економија и растот на увозот, пренесува Ројтерс.

Британските извозници наидоа на проблеми поради забавувањето на економскиот раст во светот, пред се во земјите во развој како што е Кина, каде ослаби побарувачката за странска стока, а тешкотии им создавал и растот на фунтата оваа година.

На годишно ниво, растот на бруто домашниот производ (БДП) во третиот квартал изнесувал 2,3 проценти.
И покрај загриженоста во врска со глобалната економија, деловните инвестиции во дадениот период пораснале за 2,2 на квартално и за дури 6,6 проценти на годишно ниво.

Британија од 2013 година за придвидувањето на економскиот раст најмногу се потпира на потрошувачите, а домашната потрошувачка остана силна и во третиот квартал со раст од 0,8 проценти на квартално и 3,1 проценти на годишно ниво, што е најдобар резултат од крајот на 2007 година, пред појавата на финансиската криза.

Банката на Англија прогнозира дека БДП на ниво на 2015 година ќе порасне за 2,7 проценти, додека официјален Лондон не е толку оптимистичен и предвидува раст на БДП од 2,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП