11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Грција со пад поголем од очекуваниот

Економијата на Грција со пад поголем од очекуваниот

grcija-ecb-eu

Падот на инвестициите и слабиот раст на потрошувачката се едни од главните фактори кои вршат притисок врз бруто домашниот производ (БДП).

Економијата на Грција забележала пад поголем од очекуваниот во третиот квартал од оваа година, доколку се направи споредба со првичните проценки, пренесува агенцијата Франс прес.

Ажурираните податоци покажуваат дека во третиот квартал од оваа година, бруто домашниот производ е намален за 1,1 проценти во однос на првичната проценка, која покажуваше намалување од 0,4 проценти во споредба со истиот период минатата година, објави весникот Катимерини.

Според податоците објавени од страна на грчката статистичка служба, падот на БДП од 1,1 проценти се должи главно на падот на инвестициите од 27 проценти и на слабиот раст на потрошувачката, односно 0,1 проценти, како и на значителното ограничување на извозот од 11,4 проценти и на драстичното намалување на увозот од 19,9 проценти.

Се смета дека големиот пад на увозот и извозот се должи на наметнатата контрола на капиталот, која ја ограничува економската активност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП