6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Свиркачот“ на HSBC осуден на пет години затвор

„Свиркачот“ на HSBC осуден на пет години затвор

svirkac-hsbc

Швајцарскиот сојузен суд го прогласи вработениот во банката HSBC-Suisse, Херв Фалциани, виновен за индустриска шпионажа, осудувајќи го на пет години затвор поради крадење доверливи податоци за клиентите.

На обвинетиот му се судеше во отсуство бидејќи не допатува на рочиштето во Швајцарија.

Останатите обвинувања, меѓу кои и онаа за откривање на банкарска тајна, беа отфрлени.

Поради истекување на податоците што го овозможи Фалциани во бројни држави се води истрага против илјадници богаташи.

„Банките како HSBC имаат смислено систем со кој се богатат на сметки на државите перејќи пари и помагајќи им на богатите да избегнат плаќање на данок“, изјави Фалциани во 2013 година.

Фалциани е ИТ експерт кој во 2008 година предаде исцрпни документи кои откриваат врска на швајцарската филијала на англиската банка со диктатори, криминалци и политичари.

Фалциани побегна од Швајцарија во 2008 година, а може слободно да се движи во Италија и Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП