3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦЕФТА со мерки за натамошна либерализација на трговијата

ЦЕФТА со мерки за натамошна либерализација на трговијата

cefta-ceftacece

Натамошна либерализација на трговијата помеѓу земјите од ЦЕФТА во делот на услугите и подобра соработка помеѓу царинските органи со цел олеснување на трговијата, договорено е на седницата на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА што се одржа во петокот во Кишињев, Молдавија.

За таа цел на седницата на Мешовитиот комитет се усвоија повеќе одлуки со кои се формираат дополнителни структури во рамки на ЦЕФТА: Комитет за олеснување на трговијата, Комитет за контакт точки, како и формирањето на Поткомитетите за нетарифни мерки, земјоделство, царини и правила на потекло, трговија со услуги.

На Мешовитиот комитет му претходеа состаноци на ЦЕФТА week, експертски состанок за поддршка на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА земјите (Албанија, БИХ, Македонија, Црна Гора, Молдавија, Србија и Косово).

Државниот секретар во Министерството за економија, Анета Димовска оцени дека најдобриот начин за продлабочување на соработката помеѓу економиите е преку заеднички иницијативи кои овозможуваат поволни услови за компаниите кои се мотори на растот на секоја пазарна економија.

Димовска ја истакна силната посветеност на Република Македонија на соработката со земјите од регионот, со цел зголемување на трговската размена во рамки на ЦЕФТА, но и поддршката при имплементацијата на Стратегијата за Југо-источна Европа 2020, со цел обезбедување на интегриран раст и подобрување на конкурентноста на регионот.

Трговијата на Македонија со членките на ЦЕФТА за 9 месеци во 2015 година опфаќа 10,9 отсто од вкупната трговска размена со светот, при што извозот е 12,2 отст, а увозот е 9,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП