18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата е под притисок на кинеските податоци и прекумерното снабдување

Цената на нафтата е под притисок на кинеските податоци и прекумерното снабдување

nafta3020

Цената на нафтата повторно во петокот се спушти на светските берзи под притисок од разочарувачките податоци од Кина и загриженоста која ја предизвикува прекумерната понуда, потиснувајќи ја во втор план геополитичката напнатост.

На лондонската берза цената на барел нафта падна 60 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 44,86 долари. На американската берза со барелот се тргуваше за еден долар пониска цена, од 42,04 долари.

Берзите денеска ги приземји податокот за падот на добивката на кинеските индустриски компании, за 4,6 отсто во октомври во однос на истиот период лани. Товар беше и најавата на регулаторната истрага во една голема брокерска куќа.

„Цените на нафтата изутрината беа под притисок од кинеските статистички податоци“, толкува Бјорн Шилдроп од норвешки SEB.

Загрижувачките економски показатели од најголемиот потрошувач на енергија на светот обично на краток рок влијаат на цените, а турското соборување на воениот авион се преобрази од геополитички ризик кој би можел да го наруши снабдувањето во можна кочница во побарувачката со оглед на можните економски санкции“, напоменува Шилдроп.

Русија во четвртокот и се закани на Турција со економска одмазда, нагласувајќи дека се уште чека разумно објаснување за овој потег. Анкара ги отфрли овие закани, оценувајќи ги како емоционални и непримерни.

Фокусот на инвеститорите одново е насочен на состанокот на министрите членки на OPEC, закажан за 4-ти декември во Виена. Аналитичарите проценуваат дека нафтениот картел засега останува при одлука да го задржи производството на високо ниво и покрај загубите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП