8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААсани: До 2022 година со воз на релација Софија-Скопје-Тирана

Асани: До 2022 година со воз на релација Софија-Скопје-Тирана

asani8853

Управниот одбор на Јавното претпријатие Македонски Железници-Инфраструктура, одлучи на последната седница Ирфан Асани да ја добие довербата да биде директор и во наредните четири години.

„Предизвик за директорот Асани во наредниот четири годишен мандат останува и ќе биде железничкото поврзување кон Албанија, поврзување без кое од друга страна Коридорот 8 не би бил целосен. Со железничкото поврзување на трите земји би се остварило стратешко поврзување на пристаништата од Црно море и Јадранско море“, се вели во соопштението од МЖ-Инфраструктура.

Според одговорните во Железница, нивните очекувања се дека најдоцна во 2022 година ќе има воз на релација Софија-Скопје- Тирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП