21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Кои се најбрзо растечките градови во светот?

График на денот: Кои се најбрзо растечките градови во светот?

gradovi rast 00

Најважниот демографски тренд во последниот век е брзата урбанизација на светот. Во 1950-та година, што сепак не е толку далеку во минатото, помалку од 30% од целото население на светот живее во градовите, коментира „VisualCapitalist“.

Што ќе се случи до 2030-та година? Се очекува 60% од светот да биде урбанизиран.

Силно развиените земји веќе исклучиво многу се потпираат на градовите. Населението во САД (81%), Канада (82%), Австралија (89%) или Германија (75%) живее главно во урбаните средини, а за тоа има оправдани причини.

gradovi rast 01

Според податоци на американското биро за економски анализи за придонесот кон БДП на градовите во САД, открива дека места како Њујорк или Лос Анџелес придонесуваат исклучително многу за економското производство. Всушност извонредни 52% од целото економско производство во САД доаѓа од 20-те врвни урбани области во земјата.

Ова важи и за остатокот од светот. Според „McKinsey“, 600-те најголеми градови во светот генерираат 60% од целото економско производство. Токму оваа огромна економска можност ги тера луѓето да се преселат од фармите во најновите градски центри. А во Африка и Азија можат да се откријат најбрзо растечките градови во светот.

gradovi rast 02

Земји како Кина и Индија се во првите редови во однос на овој брз развој. Делхи привлекува нови граѓани со стапка од 79 луѓе на час, а додека во Шангај оваа бројка изнесува 51 нови граѓани на час. Африка исто така ќе изгледа многу поинаку од она што беше во минатото. Светскиот економски форум наведува дека во 1960-та година Јоханесбург е единствениот град во суб-сахарска Африка, со население од над 1 милион лица. Педесет години подоцна има 33 градови со над 1 милион луѓе кои живеат во овој регион.

Најбрзо растечкиот „мегаград“? Тоа е Лагос, Нигерија, а „Fortune“ дури го опишува како „Њујорк на Африка“. Во 70-тите години на минатиот век населението во овој град беше само 2 милиони жители, додека денес тој брои 16 милиони лица со стапка на раст од 85 нови граѓани на час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП