21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКурсот го намали приходот на AirAsia

Курсот го намали приходот на AirAsia

1448621762_QbrNpI_AirAsia-reu-680

Малезиската компанија „AirAsia“ забележа загуба во третиот квартал поради неповолните девизни курсеви и слабото работење во Индонезија.

Најголемиот нискобуџетен авиопревозник, според големината на флотата во југоисточна Азија, евидентираше нето загуба од 405,72 милиони рингити (95,9 милиони долари) во три месеци, заклучно со септември, во однос на профитот од 5,4 милиони рингити во истиот период минатата година, пренесува агенцијата Франс прес.

Приходите истовремно пораснале за 15 проценти на 1,52 милијарди рингити, благодарение на растот на бројот на патници, пред се од Кина. Компанијата наведува дека, во светло на неповолните девизни курсеви, загубила 435,98 милиони рингити, во однос на 152,66 милиони во истиот период  во 2014 година.

„AirAsia“ во Индонезија забележа намалување на бројот на патници, како и пад на приходите од 14 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП