19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо октомври забележан раст на индустриското производство

Во октомври забележан раст на индустриското производство

industrija 3405

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, изнесува 113.1.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, бележи опаѓање од 6.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 18.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14.4%.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.2%, Капитални производи за 27.4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 23.1 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 14.2% .

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – октомври 2015 година, во однос на периодот јануари – октомври 2014 година, изнесува 103.6.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.1% на месечно ниво, односно за 4.4% на годишно ниво.

Во октомври 2015, во споредба со септември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Капитални производи за 0.6%, Енергија за 0.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.1%.

Во октомври 2015, во споредба со октомври 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 11.0%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.8% и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП