16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБруто-домашниот производ, по региони

Бруто-домашниот производ, по региони

inv makedonija

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија во 2013 година има Скопскиот регион со 42,6%, додека, пак, најмало учество има Североисточниот регион со 5,3%.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 143.5, Вардарскиот регион со индекс 110.6 и Југоисточниот регион со индекс 109.6.

Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Македонија.

Најмал бруто-домашен производ по жител, во однос на националниот просек, има Полошкиот регион со индекс 48.8.

Споредено со 2012 година, значителен пораст на инвестициите во основни средства во 2013 година е забележан во Источниот регион (75.4%) , во Вардарскиот регион (63.1%), во Југоисточниот регион (35.2%), во Пелагонискиот регион (5.0.%), во Југозападниот регион  (4.6%) и во Скопскиот регион (2.3%).  Намалување на инвестициите во основни средства е забележано во Полошкиот регион (16.6%) и во Североисточниот регион (6.2%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП