4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките ќе исчезнат! Еве зошто!

Банките ќе исчезнат! Еве зошто!

banking 33

Ентони Џенкинс, поранешен извршен директор на „Barclays“, ја претстави лошата визија за иднината на големите банки.

Во говорот во Лондон Џенкинс, рече: „Ризиците се зголемуваат како последица на обезбедување на позајмените капитали кон енергетските компании кои работат во една високо регулирана и слаба средина – ситуација која нема да е долго толерирана од акционерите“.

Според Џенкинс, серијата на технолошки финансиски „стартапи“ можат да ја „растресат“ финансиската и банкарската индустрија на начин на кој „Uber“ ја потресе такси индустрија. Ова може да доведе до намалување на филијалите на водечките банки до 50%, а во исто време профитабилноста во некои сектори да се намали за над 60%.

Предвидувањата на Џенкинс дефинитивно би требало да се прифатат како сериозни, со оглед на тоа што доаѓаат од човек, кој до неодамна беше на чело на една од најголемите британски финансиски институции.

„Според мене, само неколку големи банки ќе имаат храброст и решителност да триумфираат во новата средина, која ќе се појави“, смета уште Џенкинс.

Што е проблемот? Новите финансиски технологии кои доаѓаат од финансиските „стартапи“, познати уште како „fintech.“

Новиот бран од „стартапи“, кои можат да ја вршат банкарската дејност поевтино, побрзо и подобро од големите финансиски институции, ќе ги „растресат“ радикално индустриите како кредитирање на мало, плаќањето и управувањето со средства.

Џенкинс не е единствениот кој има слични апокалиптични ставови. Истражувањето покажува дека 27% од топ банкарите на водечките финансиски институции ги определуваат технолошките финансиски „стартапи“ како најголема закана за секторот. Тоа веќе се случува со формирањето на компании како „Lending Club“ и „Funding Circle“, „Square“, „Nutmeg“ и „TransferWise“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП