13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста ја сруши последната надеж на Париз

Невработеноста ја сруши последната надеж на Париз

francijapariz55431f

Бројот на невработени во Франција во октомври порасна за 42.000 во однос на претходниот месец, што е најголемиот раст во последните две години.

Како што наведува АФП, со ова соопштение на Министерството за труд, се угасени надежите на официјален Париз дека ќе добие добри вести во пресрет на регионалните избори.

Вкупниот број на лица без работа во октомври се искачи на 3,59 милиони, што е ниво незабележано од април 2013 година, пренесува агенцијата Франс прес.

На годишно ниво, бројот на невработени скокнал за 3,7 проценти, наведува министерството.

„Податоците не се задоволувачки, но мораат да се анализираат со големо внимание, бидејќи во последните неколку месеци се забележани големи варијации“, изјави француската министерка за труд Мирјам Ел Комри. Во септември бројот на регистрирани невработени е намален за 23,800 и тоа е најголемиот пад од финансиската криза, од крајот на 2007 година.

Министерството наведува дека се очекува бројот на луѓе без работа да се стабилизира до крајот на годината и дека во 2016 година ќе започне да се намалува.

Невработеноста е главна тема на регионалните избори во Франција кои ќе се одржат за 10 дена, а претседателот на таа земја, Франсоа Оланд, вети дека нема да се кандидира на изборите во 2017 година, доколку неговата влада не успее да ја намали невработеноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП