3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо кои земји најмногу сакаат да живеат мултимилионерите?

Во кои земји најмногу сакаат да живеат мултимилионерите?

london_england-city

Каде сакаат да живеат мултимилионерите? Дали земјата во која ќе живеат ја избираат во зависност од климатските, економските или можеби фискалните погодности?

Според извештајот на сајтот „New World Health“, Велика Британија е меѓу омилените земји за милионерите кои ја напуштиле родната земја. Меѓу 2004 и 2014 година дури 114.100 милионери од разни краеви на светот се населиле во оваа земја.

Втора на списокот за омилени дестинации за богатите е Сингапур, пред се поради поволната фискална политика и високиот степен на безбедност. Во овој град-држава во последните десет години се преселиле 45.000 милионери.

На трето место се САД (42.000 милионери), додека четвртото и петтото место го заземаат Австралија (22,200) и Хонгконг (22,000).

Воглавно, повеќето од овие милионери се од Кина. Околу 76.200 кинески милионери ја напуштиле татковината во изминатата деценија и преминале да живеат во Хонгконг, Сингапур и Велика Британија.

Втората по големина група на милионери кои ја напуштиле својата земја се индиските богаташи – 43,400 од нив во истиот период се преселиле во Велика Британија, САД и Австралија.

Зад нив следат француските, италијанските и руските милионери кои главно заминуваат да живеат во Швајцарија и Велика Британија.

Зачудувачки голем број на швајцарски милионери, сепак, се преселиле во Сингапур, Велика Британија и Обединетите Арапски Емирати.

Според извештајот на „New World Health“ на листата со градови со најмногу милионери се Лондон (339.300), Њујорк (300.100), Токио (226.500) и Сингапур (225.000).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП