3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВрнежи од дожд и снег го отежнуваат сообраќајот

Врнежи од дожд и снег го отежнуваат сообраќајот

vrne-vrnezi-avtopat

Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива по влажни коловози, а на повисоките места во западниот дел од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.

Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, Маврво, како и на планинските премини Стража и Плетвар. Во останатите делови од државата врнежите се од дожд.

Намалена видливост поради магла има на планинскиот премин Пресека до 100 метри, на патниот правец крак Маврово – Маврови Анови со видливост од 30 до 40 метри и патниот правец Тетово – Попова Шапка со видливост од 50 до 60 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП