18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворена новата спортска балон сала во Прилеп

Отворена новата спортска балон сала во Прилеп

nova-sportska-sala

Во дворот на Основното училиште „Блаже Конески“ во Прилеп, во четвртокот беше предадена во употреба новата спортска балон сала, во која веднаш се одиграа првите три натправара.

Станува збор за приватна инвестиција која беше реализирана по пат на јавно–приватно партнерство, којашто треба да даде придонес за подобрување на спортската инфраструктура и атрактивност на градот под Марковите кули.

Инвеститорот Тони Наумоски посочи дека спортската балон сала изнесува околу 130.000 евра. „Балон салата е со вештачка трева и учениците ќе може да ја користат за фудбал, а возрасните за рекреација. Како поранешен спортист и фудбалер, најавив проект, чиј простор се овозможи со помош на локалната самоуправа и директорката на училиштето. Објектот, кој му недостигаше на градот, е готов и денеска е пуштен во употреба за радост на сите“, посочи Наумоски.

Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески „Покрај тоа што децата ќе го користат објектот за физичко воспитување, сите ентузијасти во градов ќе можат да ги користат новите услови“. Ристески притоа истакна дека уште една слична спортска сала ќе биде подигната во дворното место на Основното училиште „Гоце Делчев”

Новиот спортски објект беше отворен со натпревар на екипите на градоначалникот Марјан Ристески и инвеститорот Тони Наумоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП