11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈужна Кореја го казни Volkswagen

Јужна Кореја го казни Volkswagen

BODYIMAGE_volkswagen-uk

Јужна Кореја е првата држава по САД која се одлучи да го казни германскиот производител на автомобили Volkswagen (VW) врз основа на сопствени тестови за емисија на штетни гасови.

Министерството за екологија објави во четвртокот дека од компанијата Volkswagen Korea побара до 6 јануари 2016 година да достави план за повлекување на возилата, откако тестирањата покажаа дека најголемиот европски производител на автомобили манипулирал со уредите кои ја мерат емисијата на штетни гасови во дизел возилата.

Министерството го казни Volkswagen Korea со 11,6 милиони евра, што е најголема изречена казна за некој производител на возила во четвртата по големина азиска економија.

„Денешните мерки се слични на мерките во многу други држави-Германија исто така нареди повлекување на возила, а САД покрена постапка за одредување на висока казна“, истакнуваат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП