24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИванов оствари средба со претставниците од македонскиот банкарски сектор

Иванов оствари средба со претставниците од македонскиот банкарски сектор

bankari ivanov 22

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов и со раководните структури на банкарскиот сектор во земјата.

На средбата, беа разменети мислења и информации околу актуелните случувања во економијата, претприемништвото и банкарскиот сектор. Соговорниците разменија мислења и околу импликациите на светската економска криза врз стабилноста на банкарскиот систем, како и за влијанието на внатре – политичката состојба, бегалската и мигрантската криза врз севкупната економска политика во Македонија.

Посочувајќи ја улогата и значењето на банкарскиот систем за економскиот раст на земјата, претседателот Иванов истакна дека единствено стабилниот финансиски систем може да доведе до јакнење на довербата на економските субјекти. Во таа насока, македонскиот претседател ги поздрави мерките преземени од Народната банка, како и севкупната банкарска регулативна мерка, која придонесе банките успешно да се справат со ризиците во периодот на кризата.

Раководните структури на банките го информираа претседателот Иванов за нивните активности, за можностите за натамошно олеснување на пристапот до кредити, како и за постигнатите резултати и придонесот во конкурентноста на македонската економија.

Покрај условите за кредитирање, македонскиот претседател им порача на претставниците на банкарскиот сектор, дека не смеат да го запостават и штедењето на населението како значаен извор на финансирање на банките. Иванов, посочи дека банкарскиот сектор мора да изнајде начин за натамошна поддршка на стопанството, особено на иновативните идеи и „start up“ бизниси на младите претприемачи.

Претставниците на банкарскиот систем изразија задоволство од средбата со претседателот Иванов, како и од континуираната поддршка на македонскиот претседател на бизнис заедницата во Македонија, а со цел унапредување на севкупната економска состојба во земјата.

Соговорниците ја поздравија економската дипломатија на претседателот Иванов во рамки на неговите посети на странски држави, а со цел афирмација на економските поволности во Република Македонија и привлекување на странски инвестиции, како и редовните средби на македонскиот претседател со претставници на стопанските комори и бизнис заедниците, со цел поттикнување на домашните економски и инвестициски потенцијали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП