3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата повторно падна под притисок на прекумерното снабдување

Цената на нафтата повторно падна под притисок на прекумерното снабдување

nafta33

Цената на нафтата повторно во четвртокот падна на светските берзи со оглед дека е смалена загриженоста од ескалација на насилството на Блискиот исток, а фокусот на интересот повторно е насочен кон прекумерната понуда.

На лондонската берза цената на барелот падна за 32 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 45,71 долар. На американската берза цената остана непроменета и изнесуваше 43,07 долари во скромно тргување поради Денот на благодарноста.

Загриженоста дека турското соборување на рускиот воен авион би можело да ја зајакне геополитичката напнатост и да го загрози снабдувањето од Блискиот исток ја поттикна цената на нафтата во оваа недела, но во меѓувреме стивна стравувањето и вниманието одново се пренасочи на очекувањата дека производството би можело да се задржи на високо ниво и покрај континуираниот раст на резервите.

„Резервите растеа цела мината и оваа година. Резервите се полни до врв и се јавува недостиг од складишен простор“, истакнува Бјорн Шилдроп од SEB.

Организацијата на држави-членки на нафта (OPEC) продолжува со високо ниво на производство настојувајќи да го одбрани својот пазарен удел, при што некои помали членки на картелот стравуваат дека цените би можеле да се спуштат и кон 20 долари.

„OPEC директно порача дека не планира да го намали производството поради ниските цени, а откако Иран ќе се врати на нафтениот пазар производството би можело да достигне 32 милиони барели“, напоменува Шилдроп.

Дополнително цените на нафтата паднаа во четвртокот и под притисок од растот на курсот на доларот.

Одделно OPEC на својата интернет страна објави дека цената на барел референтна кошничка негова нафта во средата изнесуваше 39,81 долари, што значи дека остана речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП