3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем пад на добивката на американските компании од 2009 година

Најголем пад на добивката на американските компании од 2009 година

this-is-what-a-trillion-dollars-looks-like

Добивките на американските компании паднаа во третиот квартал за 4,7 отсто на годишно ниво, најмногу од рецесијата во САД во 2009 година, што е последица на високиот курс на доларот и слабоста на побарувачката во светот.

Добивката на американските компании-прилагодени за залихите и депрецијација-изнесуваше во изминатиот квартал околу 2.100 милијарди долари, што е за 1,1 отсто помалку во однос на претходното тромесечје и 4,7 отсто помалку во однос на минатиот квартал, покажува извештајот на американското министерство за трговија.

Ова е најголем пад на добивките на годишно ниво од вториот квартал од 2009 година и нивен само втор пад откако во половината на 2009 година заври рецесијата на американското тромесечје, пишува Wall Street Journal (WSJ).

Американските мултинационални компании се најдоа под притисок од намалената глобална побарувачка и од растот на курсот на доларот, со што нивните производи стануваат поскапи на светскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП