26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Стефан Хаџи-Николов во АРТЕ Галерија

Изложба на Стефан Хаџи-Николов во АРТЕ Галерија

arte galeri 3

АРТЕ Галерија ја организира шеесет и првата самостојна изложба „Импресии“ на нашиот реномиран ликовен уметник Стефан Хаџи-Николов, во четврток, со почеток во 20 часот во просторот на АРТЕ Галерија.

Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година во Скопје. Член на ДЛУМ од 1984 година, добитник на повеќе награди, а има учество и на повеќе од 100 групни изложби во земјата и странство.

Во оваа изложбена поставка ќе бидат претставени околу 20-ина уметнички дела на авторот Стефан Хаџи-Николов сите изработени во техниката масло на платно, изработени изминатиов период. Комбинациите на боите се смели и модерни, максимално јасни и звучни, така што неговиот ликовен стил можеме да го дефинираме како еден вид на модерен класицизам во кој убаво се проткајуваат и надополнуваат чистото, естетско и сензуалното.

Стефан Хаџи-Николов е годинашен добитник на државната награда “23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП