19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГермански Metro изненадувачки ветува повисока дивиденда

Германски Metro изненадувачки ветува повисока дивиденда

Metro121

Акциите на „Metro AG“ поскапеа до највисоко ниво за последните три месеци, откако германскиот синџир на продавници за малопродажба понуди изненадувачко зголемување на дивидендата и вети дека ќе плати поголем дел од профитот на акционерите, како резултат на подобрата оперативна презентација и посилниот биланс на состојбата, соопштува „Bloomberg“.

Цената на акциите се забележа раст од 5,8% до 30,695 евра во почетокот на тргувањето во Франкфурт. Акциите поскапеле за 15% од почетокот на годината, бидејќи компанијата со седиште во Дизелдорф ги продава проблематичните одделенија и ги подобрува своите продавници и веб сајтови.

„Metro“ планира да плати дивиденда од 1 евро по акција за фискалната година која завршува во септември, наспроти 90-те центи во минатата година. Аналитичарите не очекуваат промена на дивидендата, посочувајќи ја средната оценка на 24-те економисти анкетирани од „Bloomberg“. Акционерите ќе добијат меѓу 45% и 55% од добивката, изјави компанијата, зголемувајќи го односот во опсег помеѓу 40% и 50%.

Главниот извршен директор Олаф Кох оваа година ги продаде продавниците „Galeria Kaufhof“ за да се фокусира на синџирите, како продавниците за електроника „Saturn“, како и „Cash & Carry“, и за да се намали долгот. Во исто време тој бара нови цели за стекнување, откако ја купи компанијата со седиште во Сингапур, „Classic Fine Foods“ и други компании за да ги прошири и модернизира понудените производи од страна на „Metro“.

Компанијата планира да ги презентираат резултатите за фискалниот четвртти квартал на 15-ти декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП