3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтагнација на Волстрит пред Денот на благодарноста

Стагнација на Волстрит пред Денот на благодарноста

New York City - Helicopter tour

Берзанските индекси во средата останаа речиси непроменети бидејќи инвеститорите ги загрижија сигналите за забавување на растот на американската економија, додека прометот на тргување беше скромен во пресрет на Денот на благодарноста.

Dow Jones зајакна 1 поен, или 0,01 отсто, на 17.813 поени, Nasdaq се зголеми за 0,26 отсто, на 5.116 поени, а S&P 500 ослабна,пак, за 0,01 отсто, на 2.008 поени.

Во мирното тргување пораснаа цените на акциите во четири од 10 сектори на S&P 500 индексот, при што се издвоија здравствениот и секторот насочен кон потрошувачите, додека најмногу паднаа цените на акциите во комуналниот и енергетскиот сектор.

Обемот на тргување беше скромен во пресрет на Денот на благодарноста, поради што во четвртокот на Волстрит не се работи, додека во петокот се работи со скратено време.

Покрај тоа што многу инвеститори беа отсутни поради празникот, внимателно се тргуваше поради сигналите за забавување на растот на американската економија.

„Со берзанските вреднувања на овие нивоа, постои можност од пад на цените на акциите ако следните економски показатели или политичките вести од светот бидат негативни“, вели Џеф Морис , директор во компанијата Standard Life Investments.

Во фокусот на инвеститорите во следните денови ќе се најде празничната сезона на трошење. По денот на благодарноста следува Црниот петок, која продавниците традиционално нудат големи попусти, со што стартува божиќната потрошувачка грозница.

„Движењето на празничната продажба ќе биде клучен фактор во наредните неколку недели. Со оглед на добрата состојба на пазарот на труд, ниските цени на горивата и ниските камати, потрошувачите се во прилично добро расположение“, вели Мајкл Бел, портфолио менаџер во Bank Private Client Reserve.

И додека на Волстрит берзанските индекси стагнираа, на европските берзи цените на акциите вчера беа во пораст.

Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,96 отсто, на 6.337 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 2,15 отсто, на 11.169 поени, а париски CAC се зголеми за 1,51 отсто, на 4.892 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП