4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ја засилува контролата врз прехранбените производи увезени од Турција

Русија ја засилува контролата врз прехранбените производи увезени од Турција

Vegetable market of the shops of the Bazaar of Konya, Turkey

Русија донесе одлука да ја засили контролата врз земјоделските и прехранбените производи увезени од Турција, наведувајќи го како причина кршењето на санитарните норми, објави во четврток руското министерство за земјоделство.

Министерот за земјоделство Александар Ткачев говори за „повторно кршење на руските норми кај турските производители“, што би можело да се однесува приближно на 15 отсто од земјоделските производи увезени од оваа земја.

Тој спомнува за присуство на „забранети и штетни супстанци“, како и претерани дози на пестициди или нитрати.

Од тие причини, Владата и нареди на агенцијата задолжена за фитосанитарна безбедност да ја засили контролата на производите увезени од Турција.

Турција е голем извозник на овошје и зеленчук и важен снабдувач на Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП