21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на монографија за манастирот „Свети Наум Охридски“

Промоција на монографија за манастирот „Свети Наум Охридски“

grozdanov

Во салата на Соборниот храм на Македонската православна црква Охридска Архиепископија, во четврток, во 13 часот, ќе биде промовирана колор-монографијата за манастирот „Свети Наум Охридски“ од акад. Цветан Грозданов.

За најновото дело на познатиот научник ќе говорат поглаварот на МПЦ господин господин Стефан и претседателот на МАНУ, акад.Владо Камбовски, а поздравна реч ќе одржи д-р Елизабета Канческа Милевска, министер за култура во Владата на Република Македонија.

Монографијата е во издание на Македонската академија на науките и уметностите и Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП