1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДводневна меѓународна конференција „Децентрализација и ЕУ пристапување“

Дводневна меѓународна конференција „Децентрализација и ЕУ пристапување“

dvodnevna

Меѓународна конференција на тема „Предизвици и перспективи во регионалниот и локалниот развој-Децентрализација и ЕУ пристапување”, ќе се одржи во четврток и петок во Скопје.

Конференцијата ќе ја отворат министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани, потпретседателот на Владата на Република Македонија, Муса Џафери, претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски, постојаниот претставник на УНДП во РМ, Луиза Винтон, заменикот амбасадор на Германија во РМ, Ханс-Хелге Зандер и заменикот директор на мисија во амбасадата на Швајцарија во РМ, Катарина Штокер.

На Конференцијата ќе бидат презентирани искуства од земјите од регионот во имплементирањето на политиките за  регионален и локален развој, децентрализација и ЕУ пристапување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП