6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрогласени најуспешните 100 компании во северозападна Македонија

Прогласени најуспешните 100 компании во северозападна Македонија

bekim44

Министерот за економија Беким Незири се обрати во средата на свеченaтa промоција на каталогот „Топ 100“, во кој е направен избор на најдобри компании од албанската бизнис заедница во Република Македонија, во организација на Стопанска комора на северозападна Македонија за минатата година, а меѓу најуспешните за 2014-та се вброија „Нептун“, „Алма-М“, „Ге-Мак“, „Принце“, „Пофикс“ и др.

Изборот на „Топ 100“ се спроведува по петти пат и има за цел промоција на најмоќните албански компании на локалниот пазар. Промоцијата се врши преку каталог, што во себе содржи анализа на потенцијалот на компаниите на домашен пазар и придонесот во вкупниот бруто домашен производ (БДП) на земјата.

„Радува фактот што прометот на најголемите сто компании во северозападна Македонија за 2014 година изнесува околу 600 милиони евра, при што нето – приходот изнесува 33 милиони евра, а бројот на вработени е речиси пет илјади, што е доказ за развојот на овие компании, благодарение на мудрите бизнис одлуки и стратегии на нивните менаџери и квалитетниот избор на човечки ресурси ангажирани во нив“, рече министерот Незири, додавајќи дека овие параметри за фирмите во северозападна Македонија, остварени во 2014 година претставуваат уште еден показател за позитивните тенденции во економијата на Македонија, кои забележуваат нагорна линија во континуитет.

Од името на домаќините се обрати претседателот на Стопанска комора на северозападна Македонија, И.Хоџа кој воедно искористи прилика да ја честита десет годишнината од основањето на комората, истакнувајќи дека и натаму ќе продолжат „да ја спрведуваат мисијата за застапување на интересите на членките на комората како на локално така и на меѓународно ниво“

Хоџа, исто така, изрази надеж дека следните десет години ќе бидат поуспешни во поглед на поголема поддршка на женското преприемништво, инкорпорирање на општествено одговорни практики и развивање на нови технологии и практики од аспект на развој на високите меѓународни станадрди.

Пред присутните се обрати и заменик претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери, кој споделувајќи го задоволството од десетгодишното постоење на Стопанската комора на северозападна Македонија, ги покани присутните претставници на бизнис секторот на отворено партнерство и соработка со сите комори, со надеж дека соледните десет години ќе бидат поуспешни, а комората побогата за уште поголем број на членови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП