27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Општина Илинден почна со работа најголема фабрика за производство на кроасани

Во Општина Илинден почна со работа најголема фабрика за производство на кроасани

kroasani 22

Новиот објект на компанијата „Гранд фудс корпорејшн“ беше пуштен во среда во локалната економска зона Марино-Кадино во Општина Илинден.

На површина од 6.000 метри квадратни, компанијата „Гранд фудс корпорејшн“ отвори еден од најголемите софистицирани погони на Балканот и во Југоисточна Европа за производство на кроасани со вкупна инвестиција од 6,5 милиони евра и овозможи отворање на нови 200 вработување, од кои 90 работни места во производствениот погон и 110 работни места во дистрибутивната мрежа.

Градоначалникот Жика Стојановски истакна дека ова е една од најголемите инвестиции во општина Илинден која како и другите придонесува за локален економски развој и за отворање нови работни места.

Вицепремиерот Зоран Ставрески на отворањето истакна дека целта и на централната и на локалната власт е да даде поддршка на вакви успешни бизниси и посочи дека Владата работи на создавање поволна бизнис клима.

Сопственикот и основачот на компанијата, Стоимен Јордановски истакна дека почетоците на оваа успешна семејна приказна почнуваат пред 25 години и изрази задоволство што нивната визија станала реалност.

Главниот извршен директор Горан Јордановски истакна дека станува збор за комплетно сопствена инвестиција и дека според инсталираниот капацитет е најголема фабрика за производство на кроасани во овој дел на Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП