4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на европските берзи по два дена пад

Раст на европските берзи по два дена пад

berza e3

По два негативни дена, на европските берзи во средата цените на акциите пораснаа, откако неколку компании најавија зголемување на дивидендите.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 11.00 часот беше во плус 0,9 отсто, на 1.495 поени, откако во претходните два дена се спушти на 1,6 отсто.

Лондонскиот индекс FTSE истовремено беше во плус 0,90 отсто, на 6.333 поени, додека франкфуртски  DAX зајакна 1,10 поени, на 11.055 поени, а париски CAC 1,40 отсто, на 4.889 поени.

Меѓу најголемите добитници, со раст на цената за над пет отсто, се издвои акцијата на Metro  бидејќи германскиот трговски синџир најави зголемување на дивидендите и порача дека од наредната година повеќе пари од добивка ќе бидат исплатени на акционерите.

За над 4 отсто поскапе и акцијата на LafargeHolcim бидејќи градежната компанија ја зголеми дивидендата.

Аналитичарите сметаат дека повеќето европски компании во досегашната сезона на објава на квартални деловни резултати разочараа со своите финансиски резултати, но во иднина резултатите би можеле да бидат значително подобри поради лабавата монетарна политика на Европската централна банка (ЕЦБ).

„Со исклучително ниски каматни стапки акциите ќе бидат уште по привлечни. А доколку ЕЦБ дополнително ја олабави монетарната политика, тоа уште ќе ја зголеми побарувачката за акции на компаниите кои исплатуваат дивиденда“, вели Маној Ладва, директор во компанијата TJM Partners.

Меѓу најголемите добитници денеска беше и британскиот сектор кој очекува дека при претставување на новиот буџет министерот за финансии Џорџ Озборн ќе најави зголемување на потрошувачката за изградба на куќи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП