15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорите внимателни на азиските берзи, доларот ослабна

Инвеститорите внимателни на азиските берзи, доларот ослабна

aziski-berzi

На азиските берзи денес внимателно се тргува поради геополитичката напнатост, додека курсот на доларот се намали од највисокото ниво за последните осум месеци.

На Токиската берза индексот Nikkei во 7,30 беше во минус 0,3 отсто, додека цената на акциите во Хонг Конг, Јужна Кореја и Австралија се спуштија од 0,1 и 0,6 отсто.

Сепак, берзанските индекси во Сингапур и Шангај зајакнаа помеѓу 01, и 07 отсто, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 7,30 часот беше речиси непроменет во однос на вчерашното затворање на берзите.

На азиските берзи се тргува внимателно поради геополитичката напнатост откако Турција во вторникот собори руски авион на границата со Сирија. Сепак, рускиот одговор не беше толку остар како што стравуваа инвеститорите.

„Влијанието на берзите од настаните како што беше терористичкиот напад во Париз и зголемување на мерките на безбедност во Брисел може да бидат мали. Но, сепак се работи за нестабилност, а берзите мразат нестабилност“, вели Масару Хамасаки, директор во компанијата Amundi Japan.

Берзите, меѓутоа, црпат поддршка од растот на цената на нафтата на највисоко ниво за два дена поради зголемената напнатост на Блискиот исток.

А откако во последните денови на валутните пазари се движеше на највисоко ниво за осум месеци, вредноста на доларот падна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути, изутрината се спушти на 99,42 поени, откако во понеделникот, за прв пат по осум месеци, достигна 100 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП