25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГолф 7 го освои светот

Голф 7 го освои светот

golf7

Откако на саемот во Женева ја освои титулата за европски автомобил на годината, Голф ја потврди титулата и на светско ниво. Новиот Голф е избран за светски автомобил на годината за 2013-та година на актуелниот авто-саем во Њу Јорк.

Жирито составено од 66 автомобилски новинари од 23 земји од целиот свет предност му дадоа на моделот на Фолксваген во однос на Мерцедес А класа, Порше Боксер и моделот на Тојота ГТ, кои влегоа во финалето на годинешниот избор.

Во соопштението од жирито се наведува дека новиот Голф е добро избалансиран и доволно простран, практичен и удобен автомобил. Покрај тоа е пофален и неговиот еволутивен, но сепак свеж дизајн, како и палетата на нови мотори и импресивната листа на опрема и сигурносни системи.

„ Голф 7 покрај се е забавен за возење. Ако некогаш постои автомобил кој би му одговарал на секој човек, тогаш според нашето мислење тоа со сигурност е Голф“, стои во образложението на жирито.

Ова е вторпат по ред некој од моделите на Фолксваген да дојде до титулата најдобар во Свет, откако во 2012-та година со овој примат се закити Up!, а возилата на германскиот производител беа прогласувани за автомобил на годината и во 2009-та (Голф 6) и 2010-та година (Поло).

Титулата за најдобар спортски автомобили за 2013-та година му беше доделена на моделот на Порше, Боксер. „Зелено“ возило на годината во светот е прогласено Тесла Модел С, додека Јагуар Ф е најдобро дизајниран автомобил за 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП