26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна изградбата на канализацијата за атмосферски води во центарот на Дебар

Почна изградбата на канализацијата за атмосферски води во центарот на Дебар

atmosferska

Министерот за животна средина и просторно планирање  во Владата на Македонија Нурхан Изаири и градоначалникот на Дебар  Ружди Лата  во средата присуствуваа на почетокот на градежните работи за изградба на канализацијата за атмосферски води на централниот дел на Дебар.

Министерот Изаири нагласи дека ова е значаен проект за Дебар во кој заедно учествуваат централната и локалната власт.

„Во Дебар ќе реализираме и други проекти во сферата на екологијата“, додаде Изаири.

Градоначалникот на Дебар  Ружди Лата нагласи дека дефинитивно овој дел од градот ќе ги надмине големите проблеми со атмосферските води.  Проектот е многу значаен за Дебар, рече тој  и додаде дека станува збор за канализација долга 780 метри на улиците „8 септември“ и „Братство Единство“.

Инаку  проектот чини 7,1 милион денари од кои 50 отсто се на  централната додека 50 отсто на локалната власт.

Градоначалникот Лата и министерот Изаири потоа имаа средба на која дебарскиот градоначалник го информираше министерот за севкупната состојба во сферата на екологијата и притоа  побара од Лата да се превземаат сите мерки  за заштита на регионот од еколошки проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП