18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКХВ му одобри на "11 Октомври - Еурокомпозит" АД Прилеп четврта емисија...

КХВ му одобри на “11 Октомври – Еурокомпозит” АД Прилеп четврта емисија на акции

komisija hartii vrednost 334

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 79- тата седница, на Друштвото за производство на производи со посебна намена “11 Октомври – Еурокомпозит” АД Прилеп му даде одобрение да издаде четврта емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.

Станува збор за 128.702 обични акции во вредност од 40.553.457,00 денари. Со четвртата емисија на акции се врши зголемување на основната главнина на Друштвото за производство на производи со посебна намена “11 Октомври – Еурокомпозит” АД Прилеп со непаричен влог, наменета за Република Македонија, со што акциите ќе бидат преземени од страна на Владата на Република Македонија како институционален инвеститор.

На седницата што се одржа денеска на 25 ноември 2015 година,  Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови пет дозволи за работење со хартии од вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП