1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА16-дневна кампања „Обој го светот во портокалово, стави точка на насилството врз...

16-дневна кампања „Обој го светот во портокалово, стави точка на насилството врз жените и девојките“

35471_S_woman

Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на ОН во Македонија по повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените – 25 ноември, ќе спроведе 16-дневна кампања со цел запирање на кршењето на правата на жените.

„Обој го светот во портокалово, стави точка на насилството врз жените и девојките“ е насловена кампањата која од денес до 10-ти декември ќе се спроведе на глобално ниво.

Како што покажуваат истражувањата една од три жени или девојки во светот е жртва на некаков вид на насилство.

За симбол на светла иднина без насилство врз жените е одбрана портокаловата боја, велат организаторите кои најавија низа активности во следните 16 денови, со цел да се насочи вниманието на целото општество и да се предизвика акција за елиминирање на сите форми на насилство врз жените.

Преку оваа акција и Македонија се вклучува кон глобалната кампања за подигнување на свесноста и поттикнување на голема акција против кршењето на основните човекови права.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП