22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг раст на Волстрит

Благ раст на Волстрит

pad-berzite

Берзанските индекси на Волстрит благо пораснаа во вторникот, што најмногу се должи на растот на цените во енергетскиот сектор по растот на цените на нафтата.

Dow Jones зајакна 19 поени, или 0,11 отсто, на 17.812 поени, додека S&P 500 порасна 0,12 отсто, на 2.089 поени, а Nasdaq индексот за 0,01 отсто, на 5.102 поени.

Во внимателно тргување вчера пораснаа цените на акциите во шест од 10 сектори на индексот S&P 500, а најмногу за 2,4 отсто, скокна енергетскиот сектор.

Тоа се должи на растот на цената на нафтата за над 2 отсто поради напнатоста на Блискиот исток.

На самиот почеток на тргувањето цените на акциите беа во негативно подрачје поради напнатоста откако Турците го соборија рускиот воен авион на границата на Сирија со Турција.

„Изутрината на работа сите зборувавме за можна ескалација во судирот помеѓу Турција и Русија, Но, подоцна берзата се смири бидејќи одговорот на Русија не беше толку остар како што инвеститорите стравуваа“, вели Ендрју Франкел, потпретседател во компанијата Stuart Frankel & Co.

Под притисок, меѓутоа се најдоа акциите во секторите поврзани со туризмот бидејќи САД упати предупредување на своите граѓани од опасност од патување во светот поради „терористички закани“.

Индексот на воздухопловниот сектор потона за 2,7 отсто.

Поддршка на берзите им пружи, пак, втората проценка на американскиот бруто домашен производ (БДП)  според која најголемата светска економија во третиот квартал остварила раст од 2,1 отсто, што е повеќе од првичната проценка која изнесуваше 1,5 отсто.

Сепак, обемот на тргување беше под просек, бидејќи како што велат аналитичарите, инвеститорите се воздржани со оглед дека се ближи празникот денот на благодарноста, поради што Волстрит во четврток нема да работи, а во петок ќе работи со скратено време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП