28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција ќе добие 3 милијарди евра од ЕК како помош за бегалците

Турција ќе добие 3 милијарди евра од ЕК како помош за бегалците

begalci 33

Европската комисија одобри доделувањето на 3 милијарди евра за Турција за справување со бегалската криза во земјата. Предлогот за помош беше дискутиран за време на Европскиот совет, одржана на 15-ти октомври, од лидерите на земјите во ЕУ.

Средствата ќе бидат доделени според флексибилен и брз начин, посочуваат уште од Брисел. Целта е да им се помогне на националните и регионалните власти во Турција за решавање на проблемот со бегалците.

Новиот фонд ќе започне да доделува грантови и да испорачува друга финансиска поддршка за Турција од 1-ви јануари 2016-та година. Средствата ќе бидат насочени кон подобрување на условите за живот на сириските бегалци на територијата на Турција, истакна по одлуката заменик-претседателот на ЕК, Франс Тимерманс, одговорен за законите, меѓуинституционалните односи и владеењето на правото.

„Апсолутно е јасно дека ЕУ има потреба од подобрување на соработката со Турција и Турција има потреба од ЕУ за решавање на бегалската криза“, додаде тој.

Тимерманс посочи и за потребата од заеднички акционен план, кој ќе помогне за регулирање на миграциските текови и да го намали бројот на илегалните имигранти.

Турција е првата земја на патот на бегалците од Сирија кон Европа. Според податоците, цитирани од ЕК, на турска територија се наоѓаат над 2 милиони Сиријци. Анкара коментира дека досега имале трошоци од над 7 милијарди евра за бегалците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП