Цената на нафтата скокна на светските берзи над 46 долари за барел под влијание на ескалацијата на напнатоста на Блискиот исток по уривањето на рускиот воен авион во близина на сириско-турската граница, а дополнителна поддршка пружи и падот на доларот.
На лондонската берза цената на барелот попладнето беше во плус 1,40 долари и изнесуваше 46,23 долари, а на американската берза со барелот се тргува по 1,25 долари поскапа цена, од 43 долари.
Турција соопшти дека собори руски воен авион близу границата со Сирија, тврдејќи дека во неколку наврати го повредил нејзиниот воздушен простор. Уривањето на авионот спаѓа меѓу најсериозно јавно признати судири помеѓу членката на НАТО и Русија за половина век.
„Веста за падот на воен авион во Сирија е потсетник на континуирано значење на ризикот на Блискиот исток“, толкува Бјорн Шилдроп од норвешки SEB.
Дополнителна поддршка на цената пружи и падот на курсот на доларот, кој се спушти од највисоко ниво за последните осум месеци.