15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДомашната потрошувачка поттикна раст на германската економија

Домашната потрошувачка поттикна раст на германската економија

amerika-potroshuvachka-doverba

Зголемената лична и јавна потрошувачка во Германија го поттикна растот во најголемата европска економија и ги надомести слабостите во надворешната трговија, покажуваат официјалните податоци во вторникот.

Рекордно високата вработеност, растот на платите и речиси стабилните цени влијаеа на зголемување на потрошувачката на домаќинствата во Германија. Дополнително, буџетот на домаќинствата го растоваруваат пониски цените на бензинот, што отвора простор за купување на други производи.

Истовремено, рекорден број на луѓе кои бегаат од војните на Блискиот исток доаѓаат во Германија. Сојузната влада и сојузните држави трошат милијарди евра за сместување, интеграција и пронаоѓање на работни места за новодојдените.

Сојузниот завод за статистика ја потврди првичната проценка за растот на десезонираниот бруто домашен производ (БДП) во тромесечјето од јули до септември за 0,3 отсто во однос на претходниот квартал.

Личната потрошувачка во третиот квартал пораснала за 0,6 отсто, а државната за 1,3 отсто, најмногу од почетокот на 2009 година. Вкупно домашната потрошувачка придонесе на растот на БДП со 0,7 отстотни поени.

„Секако дека одредена улога одиграа и трошоците за бегалците. Тоа се првите ефекти на државната потрошувачка“, рече претставникот на завод за статистика.

Извозот, пак, во третиот квартал, порасна по побавно темпо од увозот, откако ослабна побарувачката во Кина и во пазарите во развој. Нето надворешната трговија се намалила за 0,4 отстотни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП