8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија продава 40 отсто од уделот во државните железници

Италија продава 40 отсто од уделот во државните железници

italy-train-milan

Италијанската влада одобри приватизација на 40 отсто од државното железничко претпријатие, објави во вторникот на својата интернет страница Ferrovie dello Stato.

Советот на министри одобри во понеделникот приватизација на претпријатието, стои во соопштението објавено на интернет страницата на државната железница. Рокот на продажба не е наведен.

Владата претходно најави дека во 2016 година има намера да продаде дел од уделот во државните железници, а од министерството за финансии како временска рамка ја посочија втората половина од следната година.

Продажбата на уделот во државната железница спаѓа меѓу најважните точки на владината програма, а се надоврзува на успешното минатомесечно зацврстување во берзанска котизација на речиси 40 отсто од уделот во државната пошта.

Италијанската влада во следната недела тргна во приватизација на агенцијата за контрола на воздушен промет Enav.

Парите од продажбата на уделите во државните претпријатија во Рим ќе бидат
искористени за намалување на долгот кој моментно изнесува 2.200 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП